Дешам во јануари ќе одлучи дали ќе остане француски селектор

Дешам во јануари ќе одлучи дали ќе остане француски селектор

пред 2 години

Францускиот селектор Дидие Дешам вели дека ќе размисли за својата иднина во јануари по болниот пораз во финалето на Светското првенство од Аргентина на пенали. Франција не успеа да стане само втората репрезенација која ја одбранила светската титула по 4:2 поразот на пенали по невројатните 3:3 во 120 минути во Доха и Дешам признава дека треба да размисли за иднината.

„Дури и да победевме, немаше да одговорам на тоа прашање. Сега сум тажен за моите фудбалери и мојот тим. Ќе имаме состанок со претседателот на фудбалската федерација на почетокот на следната година и тогаш ќе дознаете. Тимот се најде во тешка ситуција, можеби психолошка и физички необична. Но, не бев загрижен за тие кои стартуваа. Беа 100 отсто фит, но можеби беа малку уморни бидејќи имавме само четири дена одмор“, изјави Дешам.

Договорот на Дешам со ФФФ заврши со турнирот во Катар, а францускиот претседател Емнуел Макрон веќе побара од федерацијата да му даде нов договор. Во исто време, француските медиуми шпекулираат дека можна замена за Дешам ќе биде неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Зинедин Зидан.

Share
Scroll to Top