Дешам: Гризман не е среќен во Барселона

Дешам: Гризман не е среќен во Барселона

пред 4 години

Тренерот на Барселона Роналд Куман посочи дека Антоан Гризман е виновникот што тимот во неделата не забележал победа над Севилја (1:1).

„Имаше две шанси и поради индивидуалниот квалитет мораше да постигне барем еден гол. Мораше“, рекол Куман по натпреварот.

Барселона во првите три кола постигна осум гола, а Гризман не учествуваше во ниту еден од нив. Минатата сезона, играчот за кого Барселона палти 120.000.000 евра, на 48 натпревари постигна 15 гола.

По изјавата на куман која силно одекна во медиумите се огласи и францускиот селектор Дидие Дешам.

„Знам дека не е среќен во Барселона. Не сакам да се мешам во она што на моите играли им се случува во клубовите, но Гризман игра на позиција на која никогаш не играл. Коман го користи на десното крило, дури и му кажал дека не разбира зошто неговите претходни тренери го користеле на друга позиција во нападот. Мислам дека Антоан е најдобар кога игра во средината на теренот, таму каде што може да ја има топката. Тој не може како крилните играчи да ги дрибла своите противници и да помина крај нив. Тој мора да ја има топката во нозете и да игра паметно“, рекол Дешам.

Францускиот селектор дополнил дека Гризман не ја коментира во јавноста својата ситуација во Барселона, а кога би проговорил на Куман не би му се допаднало она што фудбалерот би го кажал.

Share
Scroll to Top