Дешам: Жиру е мајстор, цела кариера се бори сам против сите

Дешам: Жиру е мајстор, цела кариера се бори сам против сите

пред 3 години

Францускиот селектор Дидие Дешам повторно го испофали својот напаѓач Оливие Жиру, кој во средата даде четири гола за Челси да стигне до 4:0 победа кај Севилја во меч од Лигата на шампионите.

34-годишниот Жиру, претходно, немаше стартувано меч за Челси во Премиер лигата, ниту во ЛШ и најави дека сака да замине во јануари во потрага по постојан фудбал, и Дешам не ги штедеше пофалните зборови за него.

„Секогаш е важно да имате напаѓачи кои постигнуваат голови без разлика на натпреварувањето. Но, кога се работи за Лигата на шампиони против силен тим како Севилја, тогаш многу работи се јасни. Не му се случува често да е стартер, но Оливие е човек со голем ум и голем карактер. Секогаш се бори против сите и најважно, победува“, вели Дешам.

Share
Scroll to Top