Дејли Мејл: Винисиус пред Родри ќе ја добие Златната топка

Дејли Мејл: Винисиус пред Родри ќе ја добие Златната топка

пред 2 месеци

Добитникот на Златната топка ќе биде објавен вечерва за време на церемонијата во Париз.

„Дејли Мејл“, наведува дека резултатите од гласањето протекоа и дека победникот е веќе познат. Станува збор за крилниот напаѓач на Реал Мадрид и бразилската репрезентација Винисиус Жуниор.

Винисиус, минатата сезона во успехот на Реал учествуваше со 24 гола и 11 асистенции. Да потсетиме, Реал минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп.

Наводни резултати од гласањето за Златната топка:

1. Винисиус Жуниор (Бразил, Реал Мадрид) 630 бодови
2. Родри (Шпанија, Манчестер Сити) 576
3. Џуд Белингем (Англија, Реал Мадрид) 422
4. Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ, сега во Реал) 317
5. Хари Кејн (Англија, Баерн) 201
6. Ерлинг Халанд (Норвешка, Манчестер Сити) 195
7. Ламин Јамал (Шпанија, Барселона) 128
8. Фил Фоден (Англија, Манчестер Сити) 29
9. Дани Олмо (Шпанија, РБ Лајпциг, сега во Барселона) 25
10. Флоријан Вирц (Германија, Баер) 24 …

Share
Scroll to Top