„Дејли Мејл“, најавува сензационален трансфер во летниот преоден рок. Овој медиуми, повикувајќи се на извори од Шпанија, тврди дека Луис Суарез ќе се врати во Ливерпул.
Јирген Клоп, подготвува реконструкција во својот тим, а најголем проблем му е потенцијалното заминување на Мохамед Салах. Египќанецот не крие дека би сакал да игра во Шпанија, опции се Реал и Барселона. Ова може да де оставри доколку Ливерпул не избори пласман во Лигата на шампионите.
Доколку Салах го напушти клубот, Ливерпул ќе тргне по 34-годишниот Салах. Уругваецот игра во одлична форма, со своите 19 голови е еден од најзаслужните што Атлетико е лидер во Ла Лига.
Луис Суарез во периодот од 2011 до 2014 година, постигна 82 гола, забележа 47 асистенции на 133 натпревари. Уругваецот летото во 2014 година за 82 милиони евра се пресели во Барселона.