Дејмон Хил: Лоша проценка или пресметан потег на Ферстапен

Дејмон Хил: Лоша проценка или пресметан потег на Ферстапен

пред 3 години

Дејмон Хил, поранешен светски првак во Формула 1, се огласи то коментар, по инцидентот што се случи во Монца, помеѓу кандидатите за титулата Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Хил, инцидентот го оценил „како лоша проценка или пресметан потег“.

Хил, во минатото, има слично искуство кога во 1994 година се бореше со Михаел Шумахер за шампионскиот трофеј.

„Никако не можеше да му помине она што сакаше да го направи во таа кривина. Мораше да се повлече, како што тоа Луис го направи на почетокот на трката. Единствен заклучок е дека тој си мислел дека мора да го исфрли Луис“, рекол Хил и дополнил.

„На сакам да имам лошо мислење за било кој од возачите, но мислам дека ова беше или лоша проценка или пресметан потег за да судри со Луис. Знам дека ова е јака изјава и не сакам никого да обвинувам, но тој има предност во генералниот пласман. На оваа патека требаше да победи Мерцедес, а Макс на крајот излезе како лидер во шампионатот“, рекол светскиот првак од 1996 година.

Share
Scroll to Top