Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне, го продолжил договорот со клубот до 2025 година. Кога ќе му заврши договорот, најдобриот играч на Сити, ќе има полни 34 години.
Манчестер сити не ги објави финансиските детали од новиот договор. Во претходниот, кој му истекуваше во 2023 година, Де Брујне имаше неделна плата од 250.000 фунти.
„Не можам да опишам колку сум среќе. Откако дојдов во 2015 година, овде се чувствувам како дома. Овој клуб е направен да постигнува успеси. Продолжувањето на договорот беше едноставна одлука. Го играм најдобриот фудбал во кариерата. Пеп и јас со „исти очи“ го гледаме фудбалот, имаме исти цели, тоа е важно“, рекол Де Брујне.
Со Манчестер сити, Де Брујне, освоил две титули во Премиер лигата, четири во Лига купот и еден во ФА купот.