Де Брујне: Немам недоразбирања со тренерот Конте

Де Брујне: Немам недоразбирања со тренерот Конте

пред 13 часа

Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето.

Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола.

„Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ја однесеме победата“, рече Де Брујне.

Во последните денови, италијанските медиуми пишуваа за конфликтот на Де Брујне со тренерот Антонио Конте за време на натпреварот од Серија А против Милан.

„Немам никаков проблем со Конте. Медиумите пишуваа секакви работи овие денови. Секогаш ги почитував одлуките на тренерите, тоа е случај и со Конте. Реагирав бурно, бидејќи навистина сакам да победам. И тука завршува приказната“, рече Де Брујне.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top