Де Минор го декласира Медведев на Ролан Гарос

Де Минор го декласира Медведев на Ролан Гарос

пред 6 месеци

Австралиецот Алекс Де Минор го победи Данил медведев во осминафиналето на Ролан Гарос. Австралија по 20 години има четвртфиналист во машка конкуренција.

Два часа и 46 минути траеше мечот меѓу 11. и 5. играч во светот и заврши по четири сета со триумф на Де Минор, 3:1 (4:6, 6:2, 6:1, 6:3).

Присуствувавме на едно од најголемите изненадувања оваа година во Париз, иако почетокот не навестуваше такво сценарио

Медведев направи брејк веќе во третиот гем и лесно ја чуваше предноста до крајот на сетот за водство од 1:0.

Рускиот тенисер направи брејк и на почетокот на вториот сет, потоа побара медицински тај-аут и од тој момент неговата игра се распадна.

Де Минор значително го рена нивото на сојата игра, до крајот на сетот освои пет гема по ред, а во исто темпо продолжи и во третиот сет во кој му препушти само еден гем на Медведев.

Во четвртиот сет Де Минор направи брејк, Медведев возврати, но потоа со уште два брејка Австралиецот го реши мечот.

Во четвртфиналето Де Минор ќе игра против Александар Зверев или Холгер Руне.

Share
Scroll to Top