Де Рон си ја „бара бељата“, се чепка со Златан

Де Рон си ја „бара бељата“, се чепка со Златан

пред 3 години

Холандскиот фудбалер на Аталанта, Мартен де Рон реши да ја продолжи интересната „закачка“ помеѓу фудбалерите на клубот од Бергамо и Златан Ибрахимовиќ, откако во саботата ги демонтираа Милан на „Сан Сиро“ со 0:3.

Еден гол на тој меч постигна колумбискиот напаѓач Дуван Запата, кој потоа се расправаше со Ибрахимовиќ во финишот на мечот и Швеѓанецот му одговори; „Имам повеќе постигнато голови во кариерата отколку што ти си одиграл мечеви“.

Денеска на ова се надоврза храбриот Де Рон, кој постави видео од Ибрахимовиќ по што следуваа трите гола на Аталанта и прати интересна порака: „Постира видео и се сокри“. Златан нема да го заборави ова.

Златан со „боцка“ до Запата: Имам повеќе голови отколку ти мечеви!

Share
Scroll to Top