Де Јонг сака да ја напушти Барселона

Де Јонг сака да ја напушти Барселона

пред 8 месеци

Фудбалскиот клуб Барселона следното лето ќе мине низ нова транзиција откако Чави Ернандез ќе ја напушти тренерската позиција, а по него ќе заминат и уште најмалку шестмина фудбалери.

Серхио Консеисао и Ханси Флик моментално се главните опции за наследник на Чави, а попатно ќе се случи и одредена реконструкција на тимот. Се претпоставува дека Рафиња ќе го напушти тимот, истото важи и за Серхи Роберто, Маркос Алонсо и Ориол Роомеу, неизвесно е што ќе биде со Феран Торес, Роналдо Араухо, Андреас Кристенсен…

Еден од оние кои досега не привлекуваа премногу внимание за трансфер во летниот преоден рок е Френки де Јонг.

Холанѓанецот во минатото бше ставен на трансфер листата, но не сакаше да замине од клубот. Сега изгледа го сменил мислењето.

Според Релево“ клубот нема да му застане на патот во случај на задоволителна понуда.

Она што е јасно е дека Де Јонг има откупна клаузула од дури 400.000.000 евра и Барселона би можела да се согласи да го продаде за помалку, но претпоставката е дека таа нема да оди под 100.000.000.

Наводно, Де Јонг е свесен за интересот што го има од Манчестер јунајтед и не би било чудно доколку налето тргне на патеката „Олд Трафорд“.

Share
Scroll to Top