Дибала за дресот на „Меси“: Не знаев дали да го облечам

Дибала за дресот на „Меси“: Не знаев дали да го облечам

пред 3 месеци

Аргентина го победи Чиле со 3:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Третиот гол за „гаучосите“, во 91.минута го постигна Паоло Дибала.

Дибала, се врати во националниот тим, влезе од клупата за резерви на теренот, а на грбот ја носеше десетката.на Меси.

„Навистина е спектакуларно чувството што се вратив и дека сум заедно со моите соиграчи и навивачи кои ни беа голема поддршка“, изјави Дибала по натпреварот.

„Техничкиот стручниот штаб ја донесе таа одлука. Некои од момците рекоа дека треба да го земам тој дрес, но не знаев дали да го прифатам, тој дрес носи голема одговорност. И јас мислев дека нема да се вратам, но се вратив и играв. А кога го носиш овој дрес, тогаш треба да дадеш се од себе“, изјави Дибала.

Дибала не беше дел од тимот на Копа Америка, а кога стигна поканата за септемвриските натпревари Лионел Скалони изјави дека тоа нема никаква врска со одлуката на Дибала да го одбие трансферот во Саудиска Арабија.

Share
Scroll to Top