Дибала и Влаховиќ за рутинска победа на Јуве, сега се на само поен зад Интер!

Дибала и Влаховиќ за рутинска победа на Јуве, сега се на само поен зад Интер!

пред 2 години

Јувентус постигна два рани гола за да осигура 2:0 триумф над фенерџијата Салернитана и да дојде на само еден поен од третото место на кое во моментов се шампионите Интер (иако тие имаат натпревар помалку).

Душан Влаховиќ прво во 5. минута му асистираше на Пауло Дибала за 1:0, пред во 29. минута самиот да постигне гол кој беше доволен за четврта победа во низа во Серија А на „бјанконерите“. Кога ќе се соберат и головите кои ги постигна за Фиорентина оваа сезона, српскиот напаѓач има фантастични 25 постигнати голови оваа сезона.

СЕРИЈА А, 30.КОЛО

Јувентус – Салернитана 2:0

Емполи – Верона 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top