Дибала пак ќе одбие да замине од Јувентус

Дибала пак ќе одбие да замине од Јувентус

пред 4 години

Италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ тврди дека Пауло Дибала повторно ќе одбие да си замине од Јувентус доколк клубот не му понуди продолжување на договорот.

Аргентинецот има договор со Јуве до јуни 2022 година, но според весникот е еден од фудбалерите од кои „бјанконерите“ ќе сакаат да се ослободат ова лето доколку Кристијано Роналдо остане. Јувентус минатото лето му понудија нов договор вреден 10 милиони евра по сезона, но тој го одби ова, и во исто време одби трансфери во други клубови.

Според „Газета“, тој сега очекува нова понуда од тимот, и најверојатно ќе одбие да биде продаден или пратен на позајмица во текот на летото доколку не добие договор.

Дибала веќе ја одби понудата на Манчестер јунајтед во летото 2019, кога „ѓаволите“ беа подготвени да го трампаат за Ромелу Лукаку. Сега, се верува дека Челси и Тотенхем се најзаинтересирани за 27-годишниот Аргентинец.

Share
Scroll to Top