Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала по речиси две години пауза доби повик за настап за аргентинската репрезентација за квалификациските мечеви за Светското првенство во 2022 година.
Дибала последен пат играше за Аргентина во ноември 2019 година, но е на списокот за мечевите со Венецуела, Бразил и Боливија. Тој не беше дел од аргентинската репрезентација која минатото лето ја освои титулата од Копа Америка со победа над Бразил во финалето.
ГОЛМАНИ: Мартинез (Астон вила), Армани (Ривер Плата), Мусо (Аталанта), Рулји (Вилјареал).
ОДБРАНА: Монтиел (Севилја), Молина (Удинезе), Пецелја (Бетис), Фојт (Вилјареал), Ромеро (Тотенхем), Отаменди (Бенфика), Кварта (Фиорентина), Лисандро Мартинез (Ајакс); Акуња (Севилја), Таљафико (Ајакс).
СРЕДЕН РЕД: Де Паул (Атлетико Мадрид), Паласиос (Баер Леверкузен), Паредес (ПСЖ), Г.Родргез (Бетис), Домингез (Болоња), Ло Селсо (Тотенхем).
НАПАД: Папу Гомез (Севилја), Ди Марија (ПСЖ), А.Кореа (Атлетико Мадрид), Х.Алварез (Ривер Плата), Х.Кореа (Лацио), Н.Гонзалез (Фиорентина), Буендија (Астон вила), Лаутаро (Интер), Меси (ПСЖ), Дибала (Јувентус).