Дивјачко однесување на Роналдо, му удри шамар на О’Шеј

Дивјачко однесување на Роналдо, му удри шамар на О’Шеј

пред 3 години

Кристијано Роналдо, синоќа против Република Ирска, го постигна 110 и 111 гол во репрезентативниот дрес. Ниту еден фудбалер во историјата не постигнал толку голови за националниот тим.

Роналдо со головите во 89. и 96.минута, спречи Ирска сензација среде Португалија. Прашање е дали тоа ќе беше така доколку во 15.минута реагираше ВАР, поради неговото дивјачко однесување.

Португалија доби пенал неколку минути претходно, Роналдо ја намести топката на белата точка, а додека траеше прегледувањето на снимката, О’Шеј, во обид да го деконцентрира му ја помести топката. Роналдо изнервиран од потегот на Ирецот му удри шамар.

На овој потег ВАР не реагираше.

Роналдо не успеа да го реализира пеналот, но потоа со два гола во финишот ја однесе Португалија до победата.

Share
Scroll to Top