Диего Коста: За победа би ја претепал и мајка ми на теренот!

Диего Коста: За победа би ја претепал и мајка ми на теренот!

пред 3 години

Фудбалерот Диего Коста по 15 години играње во Европа се врати во родниот Бразил каде минатата недела потпиша едногодишен договор со Атлетико Минеиро, клуб со кој има големи планови.

Напаѓачот кој ги бранеше боите и на шпанската фудбалска репрезентација – 24 настапи, а пред тоа двапати го носеше и дресот на „Кариоките“, вели дека е подготвен на се за својата екипа да стигне до победата.

Сликовито изразувајќи се отиде толку далеку што и насилство врз мајка му би направил само да дојде до посакуваната цел.

„Да е мајка ми на терен и да морам да ја претепам за да стигнам до обедата, би го направил тоа. Би направил се за славје“ вели 33-годишниот фудбалер.

Share
Scroll to Top