Диего Јуниор тврди: Милионите на Марадона не ми се цел

Диего Јуниор тврди: Милионите на Марадона не ми се цел

пред 3 години

Диего Јуниор, синот на Диего Армандо Марадона, вели дека милионското наследство на легендарниот аргентински фудбалер му е последно на умот, откако по смртта на легендата на 25 ноември не само што почна истрага за условите при кои тој умрел, туку и голема легална битка за неговиот наводен тестамент и парите кои ги оставил.

Според италијанските и аргентинските медиуми, оставштината на Марадона вреди околу 100 милиони долари и тој не оставил ништо на својата поранешна сопруга Вероника Охеда, како и на своите две ќерки. Диего Јуниор, пак, е роден во 1986 година, но Марадона го призна за свој син дури во 2007 година.

„Наследството ми е последно на умот, повеќе сакав да умирам за јадење цел живот наместо да се наоѓам пред овој проблем. Денеска ситуацијата е толку заплеткана што не можам да дадам оценка, а покрај тоа трае и истрага околу неговата смрт“, вели синот на Марадона.

Шпекулациите тврдеа дека Марадона има дури 11 непризнаени деца кои сега чекаат ДНК тестови.

„Во Аргентина има многу лажни вести, и разбирам ако некој сака да се бори за своите права, но нека го прави тоа на човечки начин. Кога одиш на гробишта со својот адвокат и новинарите и бараш есхумација на телото 48 часа откако тој умрел, тоа не е исправниот начин. Секогаш сум велел дека ако тие се моите браќа, тука сме за сите со отворени раце, но не можете да одите во војна бидејќи мојот татко веќе не е тука“, вели Диего Јуниор.

Share
Scroll to Top