Димитриевски со 12 одбрани по две кола – Рајо не може да даде гол

Димитриевски со 12 одбрани по две кола – Рајо не може да даде гол

пред 3 години

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, голманот на шпански Рајо Валјекано – Столе Димитриевски собра најмногу одбрани во првите две кола од сезоната во Ла Лига – вкупно 12.

Иако не му помогна на својот тим да дојде до бод, сепак ова е добар знак за новиот македонски селектор, Благоја Милевски.

Инаку, Рајо Валјекано во првото коло со 3-0 загуби од Севилја. Димитриевски во игра влезе во 19 минута, го замени Лука Зидан кој доби црвен картон. На таа средба собра 5 одбрани.

На мечот против Реал Сосиедад имаше 7 интервенции, единствениот гол во поразот (1:0) од тимот од Сосиедад го прими од белата точка.

Share
Scroll to Top