Димитријевиќ и Валенсија добија тешка група во Еврокупот

Димитријевиќ и Валенсија добија тешка група во Еврокупот

пред 3 години

Поладнево беа извлечини групите во Еврокупот. Ова натпреварување, од оваа сезона се игра во нов формат. Натпреварувањето ќе го започнат 20 екипи, кои се поделени во две групи. Само последно пласираните две екипи ќе го завршат натпреварувањето, додека останатите ќе продолжат во Топ 16 фазата.

Интеренсно е што во осмина-финалето ќе се игра само еден натпревар и тоа на теренот на подобро пласираната екипа. Сезоната во Еврокупот ќе започне на 20.октомври.

Од регионот, Од АБА лигата, во Еврокупот ќе се натпреваруваат Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија. Партизан имаше среќа и се наоѓа во полесната А-група. Предводник на Б-групата е Валенсија, чии дрес во новата сезона ќе го носи македонскиот репрезентативец Ненад Димитирјевиќ.

Група А: Андоа, Локомотив Кубањ, Хувентуд, Партизан, Лиеткабелис, Метрополитан, Турк Телеком, Хамбург, Сласк

Група Б: Валенсија, Промитеас, Гран Канарија, Будуќност, Виртус, Цедевита Олимпија, Бург, Улм, Бурса, Венеција.

Share
Scroll to Top