Динамо Загреб направи голем чекор напред кон групите во Лига Европа, откако вечерва на дебито на новиот тренер Сергеј Јаќировиќ ја победија Спарта Прага со 3:1. Ајакс беше убедлив против Лудогорец на гости и славеше со 1:4.
Спарта Прага поведе во 39. минута со голот на Крејчи, но израмни Шпикиќ пред полувремето.
Дино Периќ во 59.минута ја најави победата на Динамо, а Лука Иванушец две минути обезбеди два гола предност пред реваншот во Чешка. Стефан Ристовски го одигра целиот меч.
Мохамед Кудус постигна хет-трик во Разград, а Броби дополни уште еден гол за Ајакс во триумфот од 1:4 против Лудогорец.
Карабах со 0:2 славеше во Љубљана кај Олимпија, додека Славија Прага со 2:0 го победи Днипро.