Динамо испадна од Европа, но покажа како се прави европски тим!

Динамо испадна од Европа, но покажа како се прави европски тим!

пред 4 години

Динамо Загреб не успеа да го совлада солидниот Вилјареал во двомечот во четврт-финалето на Лига Европа, но уште еднаш покажа дека е најмодерниот балкански клуб (ако не ги сметаме грчките гиганти), со совршена програма на промоција на млади фудбалери, кои можат не само добро да се продадат, туку и да направат резултати на највисоко ниво.

Откако лани не успеаја да ја минат групната фаза во Лигата на шампионите и не успеаја да се квалификуваат за ЛШ оваа сезона, настапите во Лига Европа ги сфатија како совршен начин за промоција на тимот.

По фантастичните резултати по групи, во осминафиналето им се падна речиси невозможен противник – Тотенхем на големиот Жозе Мурињо. По поразот од 2:0 во Лондон, кога сите ги „отпишаа“, Динамо направи подвиг и со 3:0 го совлада премиерлигашот во моменти кога дотогашниот тренер, Зоран Мамиќ беше осуден на затворска казна.

Можеби беше премногу да се очекува да „падне“ и Вилјареал, но од тимот во кој своја висока минутажа имаа и македонските репрезентативци Аријан Адеми (како капитен на тимот) и Стефан Ристовски можат да учат сите клубови од поранешна Југославија.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top