Возачот на тимот на Валентино Роси, ВР46, Фабио ди Џанантонио, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, втората трка во сезоната во шампионатот Мото ГП.
Диџа стигна до најдобрата стартна позиција со сензационален круг на патеката „Аиртон Сена“ со време од 1:17.410 минути, откако мораше да го помине првиот дел од квалификациите, а исто така имаше пад откако го забележа најдобриот круг. Ова е негова прва пол-позиција од 2022 година.
Најблиску до Ди Џанантони беше Марко Бецеки на Априлија, заедно со нив од првиот ред ќе стартува актуелниот шампион Марк Маркез. Шпанецот беше 11 илјадити делови од секундата зад Бецеки.
Во финишот, Фабио Квартарао на Јамаха се искачи на четвртата позиција, пред Мартин, Аи Огура од Тракхаус и Фермин Алдегер, кој го пропушти отворањето на сезоната во Тајланд поради фрактура на бутната коска.
Првите 10 ги комплетираа возачот на Гресини, Алекс Маркез, Акоста и Жоан Зарко, кој беше најбрз на првиот ден од акцијата.
Вистинска парада од падови беше видена во квалификациите, бидејќи во првите неколку минути возачот на Дукати, Франческо Бањаја, а потоа и лидерот во генералниот пласман Педро Акоста и Маркез. Во последните неколку минути, на ред беа Диџа и Хорхе Мартин со Априлија.
Спринтот е закажан за 19:00 часот, додека Големата награда на Бразил во кралската класа е закажана за недела во исто време. Неделната акција на патеката „Аиртон Сена“ започнува во 16:00 часот.
Foto/ depositphotos






