Здравствените власти во Мелбурн дозволиле одреден број на гледачи да бидат присутни на претстојниот Австралија опен. Бројката на дневно ниво, во првата недела од турнирот, ќе биде ограничена на 30.000 навивачи, додека во втората недела ќе биде зголемена на 35.000 посетители.
Втората недела од турнирот, ќе има дневен и вечерен програм, со максимален број од 12.500 навивачи.
Организаторот смета дека оваа година Мелбурн парк ќе го посетат дупло помалку луѓе од вообичаеното.
И покрај пандемијата, организаторите на првиот Гренд слем во сезоната очекуваат дека атмосферата на најголемиот стадион во Мелбурн, Род Лејвер арена, ќе биде како и во изминатите години.