Договорена е борбата за апсолутен шампион во тешка категорија

Договорена е борбата за апсолутен шампион во тешка категорија

пред 1 година

Мечот меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик најверојатно ќе се одржи, бидејќи Украинецот ја прифати понудата да го подели наградниот фонд 70:30 во корист на Британецот.

Пред тоа Фјури испрати порака и порача дека доколку Украинецот не ја прифати понудата мечот нема да се одржи.

„Ја прифаќам вашата понуда. 70:30 за вас за борбата на Вембли на 29 април“, напиша Усик на Твитер.

Украинецот има посебна порака за неговиот следен ривал Тајсон Фјури.

„Сакам да ветите дека веднаш по натпреварот ќе платите еден милион фунти на Украина и дека за секој ден доцнење ќе плаќате по еден процент од заработката на жителите на Украина. Договорено?“, истакна Усик.

Украинецот моментално е сопственик на појасите во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО.

Share
Scroll to Top