Доминик Тим го пропушта Вимблдон поради повреда

Доминик Тим го пропушта Вимблдон поради повреда

пред 3 години

Австрискиот тенисер, Доминик Тим дефинитивно ќе го пропушти неофицијалното светско првенство во тенис – Вимблдон поради повреда на рачниот зглоб.

Шампионот од САД опен во вторникот на турнирот во Мајорка при водство од 5-2 во првиот сет му го предаде мечот на Адријан Манарино поради повреда на раката.

Дополнителните тестови извршени во Барселона покажаа дека ќе мора да мирува неколку недели. Раката на Австриецот во наредните 5 недели ќе биде бандажирана пред да започне процесот на рехабилитација.

„Ќе направам се што ќе кажат лекарите за што побрзо да се опоравам. Ме известија дека ќе морам да мирувам неколку недели, но ќе се потрудам наскоро да се вратам на теренот“ напиша на социјалните мрежи 27-годишниот тенисер.

Покрај Вимблдон кој започнува во понеделник, Тим ќе ги пропушти и турнирите во Хамбург и Гштад.

Годинешниот САД опен започнува на 30. август, а токму на овој турнир минатата година Тим дојде до својата прва грен слем титула откако во финалето го совлада Александер Зверев.

Сезонава Доминик не игра во преознатливата форма. Досега забележа 9 победи и исто толку порази, а на Ролан Гарос беше елиминиран уште по првото коло.

Share
Scroll to Top