Кристијано Роналдо, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Јувентус, тврдат вечерва италијанските медиуми. Португалецот, влезе во последната година од договорот со „старата дама“, според кој треба да заработи 31 милиони евра.
Според медиумите во Италија, заминувањето на Роналдо ќе предизвика домино ефект. Роналдо би се преселил во ПСЖ, а во Јувентус би пристигнал Мауро Икарди.
Од Париз ќе замине Килијан Мбапе. „Кориере дело Спорт“, тврди дека Реал за Мбапе ќе плати 160 милиони евра.