Донарума за дебито на 16 години: Михајловиќ ме праша дали се плашам, му реков не!

Донарума за дебито на 16 години: Михајловиќ ме праша дали се плашам, му реков не!

пред 3 години

Италија е европски фудбалски шампион, а Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на првенството.

Српскиот италијански стратег, Синиша Михајловиќ има голем удел во развојот и дадената шанса на младиот, тогаш 16-годишен Донарума кој „голобрад“ застана меѓу стативите во првиот тим на Милан.

Донарума во големо интервју за „Red Bull“ раскажа како ја добил шансата за настап, благдарение на храброста на Михајловиќ:

„Почувствував нешто поинаку таа недела. Во саботата се појавив на теренот. Беше стандардна процедура во соблекувалната, кога Синиша ме повика. Мистер те вика, знеп ли? Ме праша дали се плашам да бранам. Знаеше дека нема да речам не. Немав од што да се плашам затоа што никогаш претходно не сум играл. Желно го чекав тоа, ми рече дека ми верува. Имавме баш пријатен разговор. Ми рече дека видел дека јас сум најјакиот играч во групата. Ми рече дека сака да играм. Му се заблагодарив и му реков дека може да смета на мене. Беше тоа долго попладне. Отидов на тренинг и порано, бев возбуден, работевме, имавме неколку слободни удари и тоа беше крајот на тренингот. Не можев да го дочекам крајот за да одам да им се јавам на родителитем да ги повикам. Беше тоа за мене еден од највозбудливите моменти. Му реков на татко ми да дојде да ме гледа. Не требаше двапати да му кажам, седнав во воз и дојде во Милано“ раскажа Донарума.

Дебито на Динарума во Милан, со играње на цели 90 минути е на 25. октомври 2015 година, во победата против Сасуоло на „Сан Сиро“. Тогаш Џиџи имаше 16 години и 8 месеци, најмладиот голман кој дебитирал во Серија А.

Тој вели дека сега план му е да ја освои Златната топка.

Share
Scroll to Top