Дончиќ го однесе Далас на четвртото место, Лејкерси ја продолжија црната серија

Дончиќ го однесе Далас на четвртото место, Лејкерси ја продолжија црната серија

пред 2 години

Далас Маверикс, во дербито ја победија Јута и се искачија на четврото место, во Западната конференција, а ЛА Лејкерс, под знак прашалник го ставија своето учество во плеј-ин, откако загубија во Њу Орлеанс.

Далас Маверикс славеа победа на гостувањето кај Јута Џез 114:100. Лука Дончиќ блескаше со 32 поени, 10 скока и пет асистенции.

Маверикс сега се четврти на Западот со 46 победи и 29 порази, Јута се петти со 45-30. Веднаш зад нив се Демвер со 44-31 и Минесота со 43-33.

Минесота, изминатата ноќ, доживеа убедлив пораз во Бостон 134:112. Селтикс со оваа победа ја презедоа лидерската пизција во Источната конференција. Селтикс и Мајами сега имаат по 47 победи и 28 порази, веднаш зад нив со скор 46-28 се Филаделфија и Милвоки.



Њу Орлеанс ги скокнаа Лејкерси на табелата. Пеликанс по победата 116:108 се деветти на Западот, Лејекрси се десетти и можат да останат без место во плеј-ин. Лејкерси не успеаја да победат во Њу Орлеанс и покрај тоа што во еден период од натпреварот имаа предност од 23 поени.

Брендон Инграм ги предводеше Пеликанс со 26 поени, на спротивната страна Леброн Џејмс уфрли 39 поени. Џејсм второто полувреме го играше повреден.

Share
Scroll to Top