„Дончиќ е најголемиот плачко во НБА“

„Дончиќ е најголемиот плачко во НБА“

пред 3 години

Новинарот на ЕСПН, Зек Лав, рекол дека Лука Дончиќ е на пат да стане еден од најголемите плачковци во НБА лигата.

Дончиќ, во својата трета НБА сезона, има просек од 27,3 поени, 9 скока и 9,4 асистенции по натпревар. Сепак Далас Маверикс, не играат добро на почетокот на сезоната, со осум победи и 13 порази тие се наоѓаат на 13.место во Западната конференција.

Новинарот на ЕСПН, Зек Лав, во својот подкаст цел дел посветил на „плачењето“ на Дончиќ кај судиите.

„Лука стана еден од најголемите плачковци во НБА. Тоа редовно се случува. Секогаш кога се пробива кон кошот тој се жали и плаче кај судиите. Премногу време троши на плачење, тимот од тоа нема никаква корист. Целата своја енергија ја троши на расправии и плачење“, рекол Лав.

Тој истакнал дека Дончиќ има 22 години и дека треба да почне сериозно да се однесува.

Share
Scroll to Top