Дончиќ ме сакал да го урне рекордот на Шмид: Со Словенија сака да победува, рекордите не му се важни

Дончиќ ме сакал да го урне рекордот на Шмид: Со Словенија сака да победува, рекордите не му се важни

пред 3 години

Лука Дончиќ е главна фаца во Токио. Ѕвездата на Далас Маверикс, со 48 поени, 12 скокови, пет асистенции и три блокади ја предводеше Словенија до убедливата победа над Аргентина од 118:100.

Дончиќ погоди 18 од 29 шутеви од поле. Во првото полувреме тој постигна 31 кош.

Дончиќ беше блиску до уривање на рекордот кој во 1988 година го постави легендарниот Бразилец, Оскар Шмид. На ОИ во Сеул, Шмид против Шпанија постигна 55 поени.

Но, Дончиќ финишот на мечот го гледаше од клупата.

Неговиот соиграч Јака Блажиќ открил дека Дончиќ не сакал да се врати на теренот.

„Му предложивме на тренерот да го врати Дончиќ во игра, но Лука не сакаше. Во репрезентацијата не сака да поставува рекорди, сака да победува со Словенија“, рекол Блажич.

Share
Scroll to Top