Дончиќ се „жали“: Не сум најпопуларен ниту во зградата во Олимпиското село

Дончиќ се „жали“: Не сум најпопуларен ниту во зградата во Олимпиското село

пред 3 години

Лука Дончиќ го обележа денот на Олимписките игри во Токио. Најдобриот играч на Словенија, ја предводеше својата репрезентација до убедливата победа над Аргентина 118:100.

Дончиќ, како и Словенија дебитираше на Олимписките игри. Против Аргентина тој постигна 48 поени, на кои придодаде 12 скокови, пет асистенции и три блокади.

По мечот Дончиќ во опуштена атмосфера разговарал со новинарите, открил дека луѓето сакаат да се фотографираат со него, и се пошегувал дека не само што не е најпопуларен на Олимписките игри, туку дека не е најпопуларен ниту зградата во Олимпиското село.

„Луѓето сакаат да поразговараат да се сликаат, се обидувам да им излезам во пресрет на сите, иако очекував да поделам повеќе автограми. Но не сум најпопуларен, тука е Ѓоковиќ, него сите го бркаат“, рекол Дончиќ.

Словенецот не сакал да одговара единствено на прашањата поврзани со неговиот клуб Далас Маверикс.

Share
Scroll to Top