Дончиќ со трипл-дабл ја прекина победничката серија на Мемфис

Дончиќ со трипл-дабл ја прекина победничката серија на Мемфис

пред 2 години

Далас Маверикс убедливо ги поразија Мемфис Гризлис со 112:85. Лука Дончиќ со 40.трипл-дабл во кариерата, стави крај на серијата од 11 победи во која беа кошаркарите на Мемфис.

Дончиќ, во 23.победа на Далас оваа сезона, имаше учинок од 27 поени, 12 скока и 10 асистенции. Покрај Словенецот, кај Маверикс се истакнаа Тим Хардавеј со 16, односно Маркиз Крис и Џејлен Брансон со по 15 поени.

Најефикасен кај Мемфис беше Џа Морент со 19 поени.

Девин Букер постигна 35 поени, во победата на Финикс Санс над Индијана Пејсерс 112:94. Филаделфија, во дербито на Истокот, го прегази Бостон со 111:99. Џоел Ембид го предводеше својот тимсо 25 поени и 13 скока. Даријус Гарланд постигна 28 поени во триумфот на Кливленд над Сан Антонио 114:109.



Share
Scroll to Top