Дончиќ ја доби пресметката со Ленард – Далас води 2-0 против Клиперси

Дончиќ ја доби пресметката со Ленард – Далас води 2-0 против Клиперси

пред 3 години

Кошаркарите на Далас Маверикс и во вториот меч ги победија Клиперси во Лос Анџелес. Далас, до предност од 2-0, во серијата со Клиперси, дојдоа со победата 127:121. Далас се 32 тим во историјата на НБА, кој успеал да ги добие првите две средби на гостински терен. Од оваа бројка 27 успеале да се пласираат во наредната рунда.

Лука Дончиќ со уште една маестрална партија го предводеше својот тим до победата. Словенецот постигна 39 поени, на кои придодаде по седум скока и асистенции, но и истот толку изгубени топки за 38 минути колку што мина на теренот.

Далас имаше уште тројца играчи со двоцифрен број на поени: Тим Хардавеј јуниор (28), Кристапс Прозингинс (20) и Макси Клебер (13).

Клиперси ги предводеше Каваи Ленард со 41 поен, меѓутоа само Пол Џорџ (28 поени, 12 скокови) беше на нивото на Ленард, поради што Клиперс запишаа уште еден пораз.

Серијата сега се сели во Далас, третиот натпревар на програмата е на 29.мај.



Share
Scroll to Top