„Дојдов како играч, си заминувам како доживотен навивач на Сити“

„Дојдов како играч, си заминувам како доживотен навивач на Сити“

пред 3 часа

Веќе некое време е познато дека Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Силва официјално го објави своето заминување во четврток, а се огласи и Манчестер Сити.

„Граѓани,

Кога дојдов пред девет години, следејќи го сонот на едно мало момче, сакав да постигнам успех во животот, да постигнам големи работи. Овој клуб и овој град ми дадоа многу повеќе од тоа, многу повеќе отколку што можев да се надевам. Она што го освоивме и постигнавме заедно засекогаш ќе ми остане во срцето. Четири титули во една сезона, три титули во една сезона, четири титули во Премиер лигата по ред и многу повеќе… Не беше лошо.

За неколку месеци ќе биде време да се збогувам со овој град каде што не само што освоив толку многу како фудбалер, туку и со градот каде што се оженив и основав семејство.

Од дното на моето срце, ви благодарам.

До навивачите – вашата безрезервна поддршка сите овие години е нешто што никогаш нема да го заборавам. Како играч, мојата главна цел беше секогаш да играм со страст за да можете да бидете горди на начинот на кој ве претставував на теренот. Дојдов во Манчестер Сити како играч и си заминувам, си заминувам како еден од вас, доживотен навивач на Манчестер Сити. Ве молам продолжете да го поддржувате овој млад тим, прилично сум сигурен дека ќе ви донесат многу прекрасни спомени во иднина.

До клубот, до Пеп, до тренерите, до моите соиграчи во текот на овие девет години – ви благодарам за сите спомени, ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од ова патување толку долго.

Атмосферата што ја создававме ден по ден ме натера да се чувствувам како дома, како дел од големо семејство. Ајде да уживаме во овие последни неколку недели заедно и да се бориме за она што оваа сезона сè уште може да го донесе“, рече Силва.

Се обрати и Манчестер Сити, заблагодарувајќи му се на Силва за сè што покажа во 451 одиграни натпревари.

„Тој досега освои 19 трофеи, вклучувајќи шест Премиер лига, една Лига на шампиони, два ФА купа, пет Лига купа, три Комјунити шилдс, едно Светско клупско првенство и еден Суперкуп на УЕФА.“

Тој постигна 76 гола со 77 асистенции и тоа дополнително ја илустрира фантастичната улога на Бернард во клубот“, порачаа „Граѓаните“.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top