Драматична победа на Лејкерси

Драматична победа на Лејкерси

пред 3 години

ЛА Лејекрси до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе водат голема борба со Портланд и Далас, за да избегнат дополнителни натпревари во плеј-ин. Лејкерси, по голема борба, изминатата ноќ славеа победа над Њујорк Никс 101:99. Во исто време Далас се поразени во Мемфис 133:104, а Денвер Нагетс, обезбедија предност на домашниот терен во првото коло, со триумфот во Шарлот 117:112.

Лејкерси успеаја да го преживеат налетот на Никс и нивниот поранешен играч Џулиус Рендл. Во продолжението, Лејкерси славеа поебда 101:99. Рендел на Лејкерси им испорача 31 поен, 27 постигна поранешниот МВП, Дерик Роуз.

Лејкерси ги предводеа Кајл Кузма со 23, Ентони Дејвос со 20 и Андре Драмонд со 16 поени и 18 скокови.



Далас им го препуштија петтото место на Западот на Портланд. Маверикс доживеаја пораз во Мемфис 133:104. Лука Дончиќ, по мечот изјавил дека дуелот со Мемфис е еден од најлошите во неговата кариера.

Словенецот постигна 12 поени, погоди само четири од 16 топки. На спротиваната страна се истакна Џа Морент со 24 поени.

Денвер ја обезбедија четвртата позиција пред почетокот на плеј0офот, а до крајот ќе се обидат да ги стигнат ЛА Клиперс, кои на третото место имаат победа повеќе.

Никола Јокиќ, на овој натпревар, шутираше најмногу слободни фрлања во кариерата. Србинот погоди 16 од 17 слободни, мечот го заврши со 30 поени, 12 скокови и шест асистенции. Ист број на поени постигна и Мајкл Портер јуниор.

Резултати:
Торонто=ЛА Клиперс 96:115
Бостон-Мајами 121:129
Индијана-Филалдлефија 103:94
Чикаго-Бруклин 107:115
Милвоки-Орландо 114:102
Сакраменто-Оклахома 122:106
Голден стејт-Финикс 122:116

Share
Scroll to Top