ДР Конго требало да биде исфрлен од квалификациите за СП – ФИФА не му го сменила спортското државканство на голманот Мпаси

ДР Конго требало да биде исфрлен од квалификациите за СП – ФИФА не му го сменила спортското државканство на голманот Мпаси

пред 3 часа

ФИФА се се соочува со обвинувања дека прикрила неправилности во врска со правото на настап за претставник на Демократска Република Конго со цел да се избегне исклучување на оваа земја од овогодинешното Светско првенство.

Случајот следеше по контроверзиите околу американскиот напаѓач Фоларин Балогун, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно е во центарот на нови обвинувања.

Сè беше објавено од „Њујорк тајмс“ и „Ле Монд“, кои се повикуваат на внатрешни документи и преписка на ФИФА.

Според медиумските извештаи, за време на истрагата, правните експерти на ФИФА утврдиле дека документацијата за промена на спортското државјанство на голманот Лионел Мпаси не е комплетна.

Мпаси претходно играл за младинските категории на француската репрезентација. „Ле Монд“ пишува за „чувствителна тема што ФИФА ја прикрила од политички причини“.

ФИФА наводно разгледала неколку опции, од казни до исфрлање на ДР Конго од дополнителните квалификации, но на крајот не презела никакви мерки.

Истрагата беше поттикната од жалба од Нигериската фудбалска асоцијација, но ФИФА ја отфрли од формални причини. ДР Конго влезе во дополнителните квалификации со победа против Нигерија, а го потврди своето место на Светското првенство против Јамајка.

Мпаси бранеше во сите натпревари, сè до поразот од Англија во 1/16-финалето.

Во целиот случај, „Њујорк тајмс“ ја истакнува можната врска помеѓу Инфантино и сегашниот претседател на конгоанската федерација, Верон Мосенго-Омба. Тој е опишан како близок соработник на првиот човек на ФИФА, а во времето на истрагата ја подготвувал својата кандидатура за прв човек на федерацијата. Тој беше избран откако репрезентацијата се квалификуваше за турнирот во САД, Мексико и Канада.

Сомнежите за независноста на ФИФА беа поттикнати и од укинувањето на суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Пред натпреварот од осминафиналето против Белгија, тогашниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека му се јавил на Инфантино и побарал преиспитување на црвениот картон на Балогун.

Казната подоцна беше повлечена, а ФИФА објави дека нивниот дисциплински комитет ја донел одлуката целосно независно.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top