Еванс и Хачанов го одиграа најдолгиот меч во историјата на Ју-ес опен

Еванс и Хачанов го одиграа најдолгиот меч во историјата на Ју-ес опен

пред 2 месеци

Британецот Даниел Еванс, 184. играч во светот, го победи Русинот Карен Хачанов (АТП 22) во првото коло на Ју-ес опен со 6:7 (6:8), 7:6 (7:2), 7:6 ( 7:4), 4:6, 6:4.

Сепак, она што ќе се памети по овој дуел не е триумфот на аутсајдерот, туку тоа што двајцата го одиграа најдолгиот меч во историјата на последниот Грен слем на календарот.

Битката на теренот број 6 траеше пет часа и 35 минути.

Еванс и Хачанов за девет минути го надминаа рекордот на Стефан Едберг и Американецот Мајкл Чанг во полуфиналето во 1992 година кога Швеѓанецот победи со резултат 6:7 (7: 3), 7:5, 7:6 (7:3), 5:7, 6:4.

Share
Scroll to Top