Ришарлисон постигна хет-трик, но само еден гол му се броеше, за да помогне Евертон да стигнат до неверојатна 2:1 победа над Арсенал на „Гудисон парк“ со гол во 92. минута, резултат кој малку ќе ги орасположи навивачите на „карамелите“, кои се бунтуваат по слабите резултати под водство на Рафаел Бенитез.
На Ришарлисон му беше поништен првиот гол во 43. минута поради офсајд по долга пауза за ВАР-проверка, за „топчиите“ да ги казнат во финишот на полувремето, кога Мартин Одегард го постигна вториот гол во два меча за водство на гостите. Лошата среќа на Ришарлисон продолжи и во 58. минута, кога му беше поништен уште еден гол, за конечно во 80. минута неговиот гол да се брои за 1:1. Драмата продолжи до крајот на мечот, кога во 92. минута Демарај Греј постигна прекрасен гол за 2:1 победа.
Со поразот, Арсенал пропуштија шанса да се искачат на петтото место на табелата, и остануваат на седмото место со 22 поени, еден поен зад Манчестер јунајтед и два поени зад Тотенхем. Евертон сега се на 12. место со 18 освоени поени, само осум над зоната за испаѓање.
Espectacular, maravilloso el zapatazo de Demarai Gray para el 2-1. Recontra golazo. #EVEARSpic.twitter.com/loO3P2EBOd https://t.co/Mn8tyXtxGb
— Franco (@franconuteo) December 6, 2021