Евертон сврза две победи во низа

Евертон сврза две победи во низа

пред 3 години

„Осоколени“ по победата во градското дерби над Ливерпул, Евертон, конечно, сврза две победи во низа по претходната лоша серија, триумфирајќи над Саутемптон со 1:0 во понеделничкиот премиерлигашки меч.

Акцијата беше ограничена на стартот, кога Ришарлисон уште во десеттата минута го донесе тимот на Карло Анчелоти до водство. „Карамелите“ постигнаа уште еден гол преку Кин во 25. минута, но тој беше поништен поради офсајд.

Евертон сега се седми на табелата со 43 поени, колку што пред нив на шестото место имаат и Ливерпул, и само два до четвртопласираниот Вест хем. Саутемптон немаат победа во шест меча и се на 14. место на табелата со 30 поени, седум над зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top