Еклстоун: Хамилтон освојуваше шампионски титули кога конкуренцијата беше послаба

Еклстоун: Хамилтон освојуваше шампионски титули кога конкуренцијата беше послаба

пред 9 часа

Фото/ EPA/ANNA SZILAGYI

Луис Хамилтон(40) ја вози следната трка пред домашната публика. Британецот девет пати ја освои Големата награда на Велика Британија, што ниту еден друг возач не успеа да го направи. Сепак, и покрај тоа што ќе во вози на британска почва во Силверстоун, прогнозите за седумкратниот светски шампион овој викенд не се особено оптимистички.

Хамилтон се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, прв пат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, во воведните 11 трки нема ниту еден пласман на подиумот.

Поради ова, се појавија сомнежи дали некогаш ќе ја видиме доминантната верзија од него што некогаш ја прикажуваше, кога беше еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.

Последниот што тврди дека Хамилтон никогаш повеќе нема да ја освои светската титула е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.

„Дали ќе освои уште една титула? Не“, изјави тој за Скај Спортс.

„Мислам дека имаше среќа што беше таму во период кога… всушност, немаше премногу конкуренција, па беше малку полесно. А сега има сериозни ривали, додека во времето кога победуваше, немаше многу од нив. Победуваше кога конкуренцијата беше послаба.“

Вистина е дека соочувањето со реалноста беше тешко за сите што очекуваа чуда од комбинацијата на Ферари и најуспешниот возач во историјата. Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман со 91 поен и далеку зад колегата Шарл Леклер, кој успеа барем еднаш да заврши на подиумот.

Share
Scroll to Top