Ексиграчот на Сити и Барса Б, Жоан Роман го смени името во Гоку!

Ексиграчот на Сити и Барса Б, Жоан Роман го смени името во Гоку!

пред 4 години

Поранешниот член на младинската школа на Манчестер сити, Жоан Роман го смени своето име во Гоку, главниот лик од јапонската манга серија „Драгон бол“, и на социјалните мрежи побара луѓето да ја почитуваат неговата одлука.

27-годишниот Шпанец, кој игра во полскиот второлигаш Миеџ Легница, веќе го додаде новото име на социјалните мрежи и објасни дека името го отсликува неговиот карактер и поглед на живот.

„Благодарен сум што живеев како Жоан, за сите позитивни работи кои ми ги остави, но сега сум Гоку. Барам само почит од другите луѓе. Секогаш во движење, секогаш напред. Го избрав ова име бидејќи се идентификувам со тоа: упорност, емпатија, раст пред сите пречки, светло и позитивност“, вели Роман.

„Драгон бол“ е една од најуспешните медиумски франшизи од Јапонија, со манга серија, аниминирани филмови од 1980-тите. Главен лик на серијата е Гоку, од своето детство до својата зрелост – тој тренира боречки вештини и го минува светот во потрага по седум магични кугли, познати како „Драгон бол“.

Роман ја почна младинската кариера со Сантес Креус во Каталонија, пред да биде во академиите на Еспањол и Манчестер сити. Во 2012 тој се врати како 19-годишник во Барселона Б, вториот тим на Барса, а играше и за Вилјареал. Потоа во 2015 замина во португалската Брага по што следуваа низа трансфери – Насионал, Сласк Вроцлав, АЕЛ Лимасол, Панетоликос и Легница.

Share
Scroll to Top