Екскапитенот Пелесие во последен обид да го спаси Киево

Екскапитенот Пелесие во последен обид да го спаси Киево

пред 3 години

Поранешниот капитен на „летечките магариња“, Серџо Пелесие не е подготвен да се откаже од сонот за воскреснување на Киево Верона, откако го регистрираше клубот под име „ФЦ Киево 1929“ и доби прием од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Киево беа исфрлени од Серија Б поради тоа што клубот не можеше да гарантира дека може да ја заврши сезоната 2021/22 по големите финансиски проблеми. Пелесие сега сака да го воскресне клубот под поинакво ниво.

„Не се предавам, уште не е готово Ќе се обидам, а Киево е таков клуб што не се откажува на првите тешкотии. Сега имам мој клуб: ФЦ Киево 1929 и приемот од ФИГЦ е првиот чекор. Имаме многу малку време да го сработиме тоа, и се обидов да контактирам со сите, спонзори, бизнисмени, фудбалери. Денеска не успеав, но утре е нов ден. Не е важно каде ќе стартуваме, но треба да стартуваме. Трета лига, Серија Д, ниво под професионалното, па потоа да се направи првиот чекор“, вели Пелесие.

42-годишниот Пелесие речиси две децении беше дел од клубот од Верона, со неверојатни 496 настапи и 134 гола пред да се пензионира на крајот на сезоната 2018/19 година, иста сезона во која „летечките магариња“ испаднаа од Серија А.

Црн ден за „летечките магариња“ – Киево исфрлени од Серија Б!

Share
Scroll to Top