Ракометната репрезентативка на Македонија, Елена Ѓоргиевска, заминува од Романија и кариерата ќе ја продолжи во Турција. Таа досега беше членка на тимот Магура Циснадие, а се договори за трансфер во редовите на Коњалти Анталија.
Тоа е клубот кој е победник на ЕХФ Купот, а во него веќе настапуваат уште две македонски репрезентативки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова.
33-годишниот бек треба да биде големо засилување за надворешните позиции на турскиот тим.