Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон (23) е нов играч на Манчестер Сити, потврди клубот.
Во исто време, ова е нов историски момент во Премиер лигата: Андерсон стана најскапо платен англиски играч досега, поточно играч за кого клуб плати највисока отштета – 116 милиони фунти (135 милиони евра).
Претходниот рекордер беше Џек Грилиш, чиј трансфер од Астон Вила во Сити, го чинеше „граѓаните“, 100 милиони фунти 116 (милиони евра).
Манчестер Сити, објави дека постигнал договор со поранешниот клуб на Андерсон, Нотингем Форест, и дека играчот сега формално стана нов член на „граѓаните“ откако ги заврши прегледите во САД, каде што моментално се наоѓа.
Андерсон е еден од најважните адути на Томас Тухел на Светското првенство – тој досега ги одигра сите четири натпревари на Светското првенство. Потпиша договор со Сити до 2031 година со опција за продолжување за уште една сезона и со тоа стана првото засилување во новата ера на тимот под водство на новиот тренер Енцо Мареска.
Тој ќе заработува 300.000 фунти неделно во Манчестер, што ќе го направи втор најплатен во тимот, веднаш зад Ерлинг Халанд.
Неговиот трансфер во Сити, освен што е најголем во историјата за англиски фудбалер, е и еден од најголемите во историјата на Премиер лигата. Многу блиску до трансферот на Фелипе Кутињо (140 милиони евра) од Ливерпул во Барселона.
Foto/ Depositphotos






