Ел Чирингито: Ливерпул ќе тргнат по потписот на Серхио Рамос

Ел Чирингито: Ливерпул ќе тргнат по потписот на Серхио Рамос

пред 3 години

Серхио Рамос е секојдневна тема во шпанските медиуми. Капитенот на Реал се уште не го продолжил договорот со клубот, кој му истекува во јуни, што значи дека може да преговара со други клубови.

Медиумите најчесто го поврзуваат со ПСЖ, меѓутоа „Ел Чирингито“, тврди дека во трката за потписот на Рамос ќе се вклучи и Ливерпул.

Јирген Клоп е на големи маки од почетокот на сезоната, поради повредите на клучните играчи во одбраната. Планот на Ливерпул бил да формираат дефанзивен бедем за наредната сезона, со Ван Дајк и Рамос.

Од друга страна, пред два дена, „Ел Партицадо Копе“, објави соопштение на Рамос во кое тој вели дека не преговара со други тимови, дека бил подготвен да игра за помала плата и дека сака кариерата да ја заврши во Реал.

Share
Scroll to Top