Ел Шарави се врати во Рома

Ел Шарави се врати во Рома

пред 4 години

Потенцијалниот репрезентативец на Италија, Стефан Ел Шарави, се врати во Рома. Ел Шарави, претходните 18 месеци играше во првенството на Кина, за екипата на Шангај Шенхуа.

Донесен како големо засилување, Ел Шарави не успеа да се наметне во екипата на Шангај, на 19 натпревари постигна само четири гола.

Пред да замине во Кина, Ел Шарави, три и пол години го носеше дресот на Рома. На 139 натпревари постигна 40 голови и се стекна со статус репрезентативец на Италија.

Во Серија А, има одиграно три натпревари за Џенова и 101 натпревар за Милан.

 

Share
Scroll to Top