Енцо го најави заминувањето од Лондон, сакал да живее во Мадрид

Енцо го најави заминувањето од Лондон, сакал да живее во Мадрид

пред 2 часа

Иако е еден од капитените, односно заменик на Рис Џејмс, Енцо Фернандез сака да го напушти Челзи.

Аргентинецот негативно ја изненади јавноста и навивачите со критиките кон својот тим, по елиминацијата од ПСЖ,што многумина го протолкуваа како навестување за неговото заминување.

Енцо се наоѓа со колегите од националниот тим, тој говореше за аргентинските медиуми, а во едно интервју откри дека најмногу би сакал да живее во Мадрид.

„Ми се допаѓа Мадрид, би сакал да живеам таму, бидејќи е најсличен на Буенос Аирес“, рече Енцо.

Кога го прашаа за мадридските клубови и за кои би сакал да игра, тој само се насмевна и не даде одговор.

Сепак, не е тајна дека би сакал да го носи дресот на Реал Мадрид.

„Во еден момент од кариерата, ги гледаш работите и гледаш каде се и каде би можеле да бидат“, рече енигматскиот Енцо.

Да ве потсетиме дека по претходното Светско првенство во Катар, Енцо го направи својот прв голем трансфер од Бенфика во Челзи за дури 121.000.000 евра. Евентуалниот трансфер ќе биде тешка операција, бидејќи Аргентинецот има договор одо 2032 година, што значи дека Челзи нема обврска да го продаде.

Аргентинецот одигра 161 натпревар за Челзи, постигна 28 гола и забележа 29 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top