Ветеранот Серхио Љуљ беше „командант“ на тимот на Реал Мадрид за да ги предводи до 80:76 победа над Анадолу Ефес за да ја намали предноста на турскиот клуб на 1:2 во четврт-финалето на Евролигата.
Реал губеше со 10 поени на стартот на последната четвртина (44:58), за да израмнат и да дојдат до предност со два поени на една минута до крајот, предводени од Љуљ и од Руди Фернандез, посебно со нивните тројки.
Загубената топка на Василије Мициќ повторно им даде посед на „кралевите“, за Усман Гаруба да поентира и да ја потврди победата. Додека во првото полувреме постигнаа само 28 поени, само во последната четрвтина тие уфрлија 38 поени.
Мициќ го имаше најдобриот меч од сезоната со 29 поени и 6 асистенции, но тоа не беше доволно да се спречи камбекот.