Ериксен се враќа во Лондон, но не во Тотенхем

Ериксен се враќа во Лондон, но не во Тотенхем

пред 3 години

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен не ги исполни очекувањата во Интер. Извесно е дека тој ќе го напушти клубот од Милано во јануарскиот преоден рок.

Ериксен не успеа да му се наметне на тренерот Антонио Конте, натпреварите на Интер најчесто ги започнува како резерва.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Ериксен би можел да се врати во Лондон, но не во Тотенхем, туку во редовите на најголемиот ривал на Спарси – Арсенал.

Интер и Арсенал би размениле фудбалери, Ериксен би се преселил во Лондон, а Гранит Џака во Милано. Наводно, Конте би сакал да го има Џака во својот тим.

Ериксен во јануари оваа година пристигна во Интер за 27.000.000 евра. Данецот одиграл 33 натпревар за тимот на Конте, забележал четири гола и три асистенции.

Share
Scroll to Top